Прва глава: Љубопитните Петар и Ана
Во градот Скопје има многу општини. Една од нив е општината Центар. Сите луѓе во Центар беа добри. Како и мајката на Петар и Ана. Петар и Ана беа добри деца. Секогаш си играа во дворот на нивниот стан. Еднаш Петар отиде кај мајка му:
-Мамо, дали знаеш како е во џунглата.- љубопитно праша Петар.
- Знам како е но никогаш не сум била. – одговори мајката.
Ана трчајки дојде кај мајка и.
- Како е мамо што има таму?- се придружи Ана во разговорот.
-Паа има многу животни многу трава. Дрвја и многу други работи!-Одговори мајката.
- Мамо може да идеме некогаш таму?- праша Петар.
- Петар сине, како тоа да идеме во џунгла? Таму животните се диви! Некој лав или тигар да дојде до тебе може да те изеде. Некоја лисица или волк.Зарем наставничката не ви кажала дека може дивите животни да ве изедат?
- Ни кажа мамо. Но може ли барем еднаш да одиме. Ние сме пријатели со животните! И не ги разочаруваме!- одговори Ана.
-Да мамо те молам!! – одговори Петар.
-Деца! Смирете се. Татко ви ке ве однесе во Зоолошка градина. Ако сте мирни може да ве пратам во едно училиште да одите да ја запознаете џунглата.- одговори мајката
-Јее, јупиии!! – се радуваа Ана и Петар
-Ама кога ке не однесе? –праша Ана
- Можеби утре.- одговори мајката
-Добро, мамо може да ни потготвиш колачиња во форма со лав, тигар, лисица и волк?- праша Петар
-Секако. Само за вас!!- одговори мајката.
И така тој ден Петар и Ана цел ден мислеа на зоолошката градина, а секако и на џунглата! Ке одиме, па ке одиме- цен ден се радуваа Петар и Ана.
Тој ден беше посебен за Петар и Ана. И така со радости и смеа помина овој ден. Беше посебен и за вас, нели?
Втора глава: Слонот ги сака Ана и Петар
Дојде утро. Сите се будеа. Некој ке одеше на работа друг во училиште и така сите си ги гледаа обврските.Ана и Петар отидоа во училиште.Тој ден Ана и Петар учеа за џунглата. Наставничката им кажа на децата какво е во џунглата. Им кажа дека има многу животни.
-Деца сте биле ли во зоолошка?
Прв се јави Петар. Па кој друг?
-Јас ке одам денес!!- се радуваше Петар, а воедно се фалеше.
-И јас...-дополни Ана.
Ѕррррр,ѕррр- се слушна гласот на училишното ѕвонче.
-За домашна работа да напишете какво е во зоолошка градина- кажа наставничката
Ана и Петар беа радосни бидејки ке одат во зоолошка градина. Набргу си дојдоа дома. Баба Мара ги пречека со топли колачиња и чај. Тие беа толку гладни што неможеше да се претпостави! Па за една минута ги изедоа колачињата.
-Каде е тато?- праша Ана
-Горе во спалната, се бричи.-одговори баба Мара.
Ана трчајки се качи до спалната. Татко и полека се бричеше.
-Тато?-праша Ана
-Ауффф!!!- офкаше татко и, бидејки Ана го исплаши и тој се исече.
-Тато! Крвариш!! Сега ке ти донесам фластер!- се исплаши Ана.
-Не, не. Не се плаши! Сега ке ми помине.- смирено рече татко и.
Татко и ја истиска крвта од раната и раната се смали.
-Гледаш? Сега раната ке се засуши и толку. Иначе зошто дојде?-рече татко и.
-Јас тато дојдов да те прашам кога ке однесеш во зоолошка. Зошто кога ке се вратам треба да напишам како сум си поминала.- рече Ана.
-Веднаш!! Само треба да се доизбричам!-одговори татко и.
Ана се симна доле . Татко и продолжи да се бричи. Набргу заврши. Ана и Петар се качија во колата.Татко им се качи и тргнаа во зоолошка.
Кога стигнаа пред влезот им бараа билет за да можат да влезат. Тие земаа билет и влегоа во зоолошката. Почнаа да се шетаат. Во малото базенче видоа шарени риби. Рибите знаеа дека Ана и Петар се пријатели на животните, па многу ги засакаа. Ана и Петар ги видоа рибите и продолжија по патот. Сега сретнаа голем нилски коњ. Тој беше толку голем и тежок но знаеше многу брзо да плива.Сега дојдоа кај слонот. Слонот беше многу тежок. До големиот слон имаше малечко слонче. Големиот слон со сурлата ги качи Ана и Петар на грб. Таткото многу се разочара.
-Анаа!!! Петаррр!!!Доаѓајте вамуу!!-викаше таткото.
Ана и Петар се забавуваа. Слонот ги фрли во воздух и ги фати.
-Јупии!! Тато гледај како е среќен слонот!!-викаа Ана и Петар.
-Деца! Кажете му да престане!!-викаше татко им Ана и Петар се натажија и му кажаа на слонот да ги симне.
-Деца ајде да си одиме.-смирено рече татко им
-Добро, барем имам што да напишам за домашна работа.-рече Ана возбудено
И така се качија во колата. Набргу стигнаа дома. Ана веднаш се фати за работа. На листот од тетратката напиша:
``Што има во зоолошката градина?
Таму има риби, нилски слонови и други животни. Јас кога бев во зоолошка градина слонот ме дигна на сурлата. Беше многу забавно!``
Утредента Ана подготвена, како и Петар тргнаа во училиште.За убавиот текст си Ана и Петар си добија 5-ка и прекрасен комментар од нас
наставничката.
Трета глава: Ден пред патување во џунглата.
Беше пладне. Сите се враќаа од работа. Спомениците светеа под сонцето.Ана и Петар си играа во дворот. Некој човек се приближуваше накај портата. Тоа беше мајката на Ана и Петар, а до неа имаше некоја млада девојка. -Здраво,деца! Оваа девојка е ваша наставничка. Ке ве пратам во џунглата.-рече мајката. -Навистина?-се зачудија децата. Девојката беше убава. -Деца. Качете се во колата!Ке ве носам во училиште. –рече девојката
-Добро. Ама кое училиште?-прашаа децата.
-Па училиште за истражување во дивината.-одговори девојката
Децата се качија. Набргу стасаа во училиштето. Наставничката рече да се одморат бидејки ке се возат во авион.
-Еве сега ке ви поделам лифчиња со задачи од кога ке стасате во џунглата.- кажа наставничката.
А еве што пишува на лифчињата:
1. Истражувај.
2. Собери примерок од секое растение
3. Биди добар со животните.
4. Сликај слики со животните.
Со тоа можеш да живееш таму , со родителите и без нив.
Ана и Петар ги прочитаа задачите и веднаш си легнаа. Петар сонуваше како лав се затрчал и го изел Петар. Ана сонуваше како лисицата ја изитрила и Ана паднала во дупка. Одеднаш Ана и Петар станаа. Тоа беше само сон. Излегоа надвор и почнаа да вежбаат. Трчаа на една страна, па пак на друга. Па скокаа,се растегаа и уште што не ти. Потоа легнаа уште еднаш. И веке не вежбаа.Бидејки утредента ги чекаше многу многу работа. Дојде време за ручек. Јадеа мармалад и леб. Ана и Петар многу сакаа мармалад. За десерт им дадоа чоколаден пудинг.Ана и Петар убаво се најадоа. Тогаш сите се вратија во своите кревети. Набргу дојде време за училиште. Тогаш сите влегоа во училницата и седнаа на своите места. Дојде наставничката.
-Здраво деца! Денеска ке учиме за униформата што треба да ја носите во џунглата. На сите ке ви биде доделена униформа. Ке учиме кај која река ке бидеме.-рече наставничката-Прво земете ја униформата што ке ви ја дадеме.
Сите земаа униформа.
-Е така. Сега вака дали знаете каде ке бидеме? Мислам кај која река.-праша наставничката.
-Паа. Можеби Амазон?-одговори Ана.
-Точно! Ние ке бидеме кај реката Амазон. Таа е најдолгата река на земјата.-реченаставничката.-Пишете во тетратките која е најдолга река на земјата. И ние кај ке бидеме.Секој ке знае ако ме слушаше.Слободен е секој што ке го напише ова. Треба да знаете да се орентирате во простор. Бидејки таму ке бидете сами. Затоа вечер од 21:00 часот уште една настава!
Сите напишаа, се врати ја во собите.Ана и Петар се успаа. Набргу дојде и 21:00 часот. Ана и Петар отидоа во училницата.
-Здраво!-рече наставничката-Сега пишувајте зошто треба да спиете.Вака со компасот се орентираат страните на светот. Страните на светот се:север,југ,исток,запад,северозапад,североисток,југозапад и јгоисток.
Добра ноќ на сите.
-Добра ноќ наставничке!!!!-извикаа сите од одделението
И така сите си заминаа во своите кревети.
Четврта глава: Првиот ден во џунглата.
Беше утро. Ана и Петар станаа рано. Чудно. Обично Ана и Петар спиеа до 12:00 часот,а отсабајле за во училиште мајка им одвај ке ги разбудеше.Тој ден станаа во 06:30 часот. Зошто? Бидејки требаше да одат во џунглата. Зарем мислите дека тие последни ке станат за да одат во џунглата? Всушност, сите спиеа.Само наставниците беа станати.Ана и Петар брзо ја облекоа униформата. Во рака ги земаа задачите. Тие се затрчаа кон холот. -Кога ке одиме?-праша Петар -Сега. Разбудете ги другите.-рече наставничката Ана и Петар веднаш отидоа да ги рабудат.
-Вањаа! Еваа! Иваа! Иван! Ѓорѓии!-ги будеа Ана и Петар
-Што се случува?-прашаа сите.
-Ке одиме во џунглата.-рече Петар
-Јееее!!!-се израдуваа сите.
Трчајки влегоа во холот.
-Сите облечете ги униформите.-рече наставничката.
Сите влегоа во собата и ги облекоа униформите.Пак влегоа во холот.
-Влезете во авионот. Без бутање!-рече наставничката.
Сите влегоа во авионот.И наставниците влегоа исто.
-Дали сме сите тука?-праша наставничката
-Даа!-одговорија учениците.
-Врзете ги појасите.- викаше пилотот.
Сите ги врзаа. Ана се плашеше од височина, па затоа и беше страв. Но другарка и Ева ја тешеше:
-Не грижи се моја пријателке најубава!Ништо нема да се случи ако не мислиш на тоа!
-Фала,Ева.Ке се обидам да се смирам-одговори Ана.
-Држете се.Полетуваме!-викаше пилотот.
Авионот беше толку брз што веднаш се најдоа на небо.
-Леле!! Колку сме далеку од земјата. Леле!! Можам да ја видам мојата куќа! Чао мамо! Чао бабо! Чао тато!-викаше Ана мавтајки.
Тие стигнаа во континентот Америка. Има и држава Америка и континент. Набргу стигнаа во Јужна Америка,Бразил, покрај реката Амазон.Сите се затрчаа на различни страни и почнаа со истражувањето. Наставниците си отидоа со авионот,а децата останаа. Децата таму ке останат 2 недели значи 14 дена. Ана и Петар сеуште не почнаа со задачите. Сакаа да разгледаат наокулу. Да се запознаат со џунглата. И така почнаа да шетаат.Шетајки видоа пештера. Ана и Петар беа многу љубопитни, па влегоа во пештерата. Кога видоа се беше темно набргу кралот на животните –лавот излезе.
-Што барате вие во моето царство? Гледате ли дека сте на туѓа територија?-рече лавот налутено.
-Паа...Извинете ние не знаевме дека е ваша територија. Може ли да не прифатите како гости? Ние сме пријатели на животните и природата.- се извини Ана
-Навистина?-праша лавот
-Да,да.Ние многу те сакаме и тебе!-рекоа децата.
-Ах, извинете за малото недоразбирање! Мислев дека сте некој лоши што не сакаат животни.- се извини лавот
-Нема потреба да се извинувате. Ние сме виновни не запазивме дека влегуваме во нечие царство.- рече Ана
-Ах, повелете внатре и моите пријатели се внатре! Сите животни од оваа џунгла.- ги покани лавот.
-Секако!! Тука ке бидеме една недела! Значи 14 дена. –рече Петар
-Ах. Да поседевте уште 2 месеци!-рече лавот
-Можеби ке седиме тука засекогаш. Но ако ги извршиме задачите.-рече Ана
-Ах. Луѓе. Преспијте малку во собава и утре ке разговараме. Па и ке ви помогнеме во задачите.Спијте тука утре ке ве запознаам со другите животни.-рече лавот
-Добро-рече Ана.
Ноќта дојде, фати мрак. И така помина и овој ден.
Петта глава: Животните им помагаат на Ана и Петар
Беше утро. Ана и Петар станаа рано. Се измија и отидоа седнаа на масата да се запознаат со животните. Ана сеуште го помнеше сонот и и беше страв да се сретне со лисицата. Но сепак седна на масата.
-Добро утро!-рече лавот
-Добро утро! Дали може да се запознаеме со вашите пријатели-животните?-праша Петар
-Секако! Сега ке ги викнам.-рече лавот
Лавот отиде да ги викне. Почна да вика:
-Лисице! Волку! Мечке!!
-Што се случува?-праша лисицата
-Што се случува,што се случува?-прашаа волкот и мечката.
-Што се случува ако мене ме викавте.- праша мајмунчето.
-Сите ве викав. Ајде дојдете! Имаме гости!-кажа лавот- Кралице тигрице ај дојди и ти!
-Да не се лоши?-праша лисицата надевајки се дека ке има работа
-Не. Всушност се луѓе...-рече лавот
-Аии!! Како можеше да ги пуштиш сега ке не повредат! И моето дете ке го повредат.-кажа кралицата тигрица.
-Не! Тие се добри луѓе, тие ја сакаат природата! Многу се културни. А и може да им помогнеме во задачите. Јас знам многу за џунглата,нели? -кажа лавот
-Ааа уште да им помогнеме гледаш ли дека тие ни го украдоа синот? Па го сместија во затвор!Во таа зоолошка градина. Исто така и синот на нилскиот коњ Иле.Кој знае колкави се сега.Кој се согласува со мене?-праша кралицата
-Јас не сум бидејки кралот вика дека тие биле добри луѓе!- рече мечката
- И јас, извинете кралице.-рече волкот
-Епа и јас не се согласувам штом е така!- рече лисицата
-Епа и јас не се согласувам.... хаха.-рече мајмунчето
-Извинете незнаев дека се толку добри луѓето! И јас згрешив. Ај сега сите да одиме кај нив!-се извини кралицата
-Е така. Значи сега сите да одиме кај нив! Може и да се забавуваат со малото тигарче!- рече лавот
И така сите отидоа крај масата.
-Кај се задржавте толку?-прашаа Ана и Петар
-Ама важно дојдовме-рече лавот
-Да да!-рече Ана
-Како се викате?-праша кралицата.
-Јас Петар, а таа Ана. -рече Петар
-Мило ми е!-рече лисицата
- И нам-рече Ана
-Сакате да почнеме со истражување?-праша лавот
-Секако. Може веднаш?-праша Петар
-Да,да секако. Да излеземе надвор.-рече лавот
Тие излегоа надвор.
-Да ги видам задачите.-рече лавот
Ана и Петар им ги покажаа задачите. Имаше измена на списокот. Сега е вака:
1. Истражувај
2. Собери примерок од секое растение
3. Биди добар со животните
4. Сликај фотографии со животните
Ја забележавте ли разликата. Веке третата задача беше извршена.Сега Ана ке слика фотографии.Штрал,штрак...И така ја завршија четвртата задача. Животните ги однесоа Ана и Петар во шума со многу растенија. Ги имаше сите растенија што ги има таму. Тие скинаа од секое растение по еден примерок и ги ставија во нивниот албум. И така ја заврши и втората задача. Набргу дојде ноќ.Сите се вратија дома. Ана цела вечер ги разгледувааше сликите, бидејки не и се спиеше.
-Ми недостасува мојот дом!-рече Ана.
Шеста глава: Кавгата помеѓу лавот и Алис.
Беше утро. Животните станаа рано, како и Ана и Петар. Сите беа седнати на масата и чекаа појадок од лисицата. Додека чекаа се слушаше силна врева. Кој се кара, кој ги вознемирува луѓето? Лавот го нема каде ли е да ја реши кавгава.Можеби тој е дел од оваа кавга. Како и да е Ана и Петар видоа. Кога видоа што да видат. Лавот се кара со едно дете. Ана и Петар излегоа надвор и се помешаа.
-Што се карате? Ја вознемирувате целата џунгла!-рече Ана
-Која си ти? Да не се правиш некој судија. Всушност во оваа џунгла нема судии само во град има. Ама барем кажете му на овој лав дека не ја оштетив неговата градина! –рече детето
-Што? Јас судија? Нема шанси. Јас сум Ана и само прашав. Си ја оштетил неговата градина? -рече Ана
-Не, не! Не ја оштетив јас само си скокав наолколу!-рече детето.
-А да не падна на некое растение или слично?-праша Ана
-Не,не.-гледајки доле рече детето.
-Лажеш! Признај!-рече Ана
-Не лажам!!!-рече детето
-Епа зошто гледаш надоле?-праша Ана
-Па секогаш гледам така- се бранеше детето.
-Не лажи! Иначе ке ти порасне носот! Така не учеа родителите!-рече Ана.
-Добро. Ке кажам. Јас сум крив. Јас скокав и паднав на него! Извини, кралу на животните.-рече Алис
-Е така. Дете човек учи додека е жив. Затоа овој пат ке ти простам! Но за дрг пат ке знаеш!-рече лавот
-Да. Ана, јас сум Алис,а како се вика детето до тебе?-праша Алис
-Тој се вика Петар!-рече Ана
-Мило ми е!-рече Петар
-И мене исто,Петар-одговори Алис
-Ајде да играме криенка!-рече Петар
-Ајде,Петар брои!Ајде-рече Алис
-1,2,3,4,5,6,7,8,9,10,11,12,13,14,15...Барам!!-броеше Петар
Алис се качи на едно дрво, Ана се скри под едни лисја и запиша што забележа за нив. Така ги извршија сите задачи.
-Не ме најде!! Тралалалалала!-рече Алис
-И мене!! Хаха!!-рече Ана
-Па никој не најдов!-се лутеше Петар
-Ајде па не се лути! Ова е само игра!- го тешеше Ана
-Добро. Не се лутам ајде! Но сакате да јадеме нешто?-праша Петар
-Даа! Ураа! Сакате жабини батаци? Од реката ке фатиме жаби. Сакате?-праша Алис
-Може.Што велиш потоа да се капеме?-праша Ана
-Супер! И така носиме опрема за пливање!- рече Петар
И така ги зедоа во раце трските и појдоа да ловат жаби.Ана фати едно рипче, Петар едно жапче, а Алис 50 жаби. И така сите се најадоа. Скинаа Манго и Папаја па направија прекрасен сок. Направија прекрасни декорации од папаја, од манго. Кога го испија сокот направија свирчиња од природна трска. И цел ден свиеа. Џунглата цела трепереше.Набргу дојде ноќ. Сите си легнаа.
Седма глава: Пожар во џунглата
Беше утро. Сите спиеа освен Ана. Таа стана рано. Не сакаше да ги буди другите, но затоа излезе да истражува. Пронајде многу нешта и ги запиша. Наеднаш виде луѓе. Тие беа облечени во црна облека и пушеа цигари. Ана почуствува дека тие не се пријатели на природата. Сакаше да ги избрка но на ум и падна дека може да ја истепаат па затоа не излезе. Тие носеа кожни јакни. Луѓето зборуваа:
-Шумава гледајте ја! Колку е грда. Што велите да ја запалиме? Ке се намали бројот на шуми!! И ке имаме повеке нечист воздух!! Колку е добро тоаа! Што велите?
-Може хехе!! Ама прво да земеме нафта за да биде поголем пожарот!-рече еден од луѓето
-Да!!-рече еден од луѓето.
-Вие мислете така! Јас не правам ништо! И веке не сум пријател со вас!!- рече еден од луѓето.
-Добро! Не биди! Ние ке си ги извршуваме нашите злобни идеи!-рече друг.
И така едниот си отиде. Другите отидоа да земат нафта. Ана го слушна целиов разговор. Се исплаши, влезе во пештерата.
-Петар, станувај! Треба да ја спасиме шумата од пожар.- шепкаше Ана
-Што се случува?-праша Петар
-Ке ни ја запалат шумата побрзај!-рече Ана.
-Леле!! Ај да одиме да видиме!-рече Петар
Додека Петар се облече шумата се запали! Ана и Петар во сад од кокос полнеа полнеа вода и ке истуреа на оганот. И така оганот престана. Изгореа многу растенија. Но повторно други ке израснат. Штета што толку многу растенија изгореа. Лавот се разбуди, излезе надвор. Кога виде мал дел од шумата изгорен.
-Што се случи овде?-праша лавот
-Имаше пожар.-рече Петар
-Зошто кажа!! Не сакав да го вознемирувам лавот!!-шепкаше Ана
-Пожар? Леле,леле! Зошто не ми кажавте!- се изненади лавот
-Се извинувам! Не сакав да ве разбудам!-рече Ана
-Не е проблем. Може ке израснат нови! А вие појадувавте? –праша лавот
-Не, јас брзо станав!-рече Ана
-Ајде сите на појадок!! Ке јадеме од рибата!-рече лавот
И така сите седнаа на масата. Ана и Петар беа гладни. Рибата ја изедоа.За лисицата и другите јадење ке бидат жабините батаци! Сите беа внатре. Само Ана и Алис си играа во дворот. Наеднаш дојдоа луѓето што сакаа да го подметнат оганот.Дојдоа со друг човек. Тој човекот им беше главен на групата ,тој организираше се.
-Каде направивте пожар. Нели треба сеуште да гори?-праша главниот Иван
-Да,да сигурно сеуште гори.-рече едниот од групата
Кога стигнаа на местото на пожарот. Таму имаше многу лисја. Тие лисја на местото ги поставија Ана и Алис.Тие се криеа позади дрвото и се смееа гледајки како газдата ги кара подметнувачите на пожарот.
-Вака ли се подметнува ли а? Кажете ми! Сите сте отпуштени од работа! Не сте направиле пожар!-ги караше Иван останатите
-Но..-рече еден од групата
-Нема но! Одете си!- рече Иван
Ана и Алис само се смееа како гледаат подметувачите како одат со наведнати глави. Иван и останатите си отидоа. Ана и Алис останаа сами.
-Јеее! Ура ги избркавме!! -се радуваа тие.
Набргу дојде ноќта. Сите си легнаа во своите кревети. И Ана лежеше во нејзиниот кревет. Пред спиење кажа само 3 збора:
-Колку убав ден!
Осма глава: Болниот лав
Беше утро. Сите спиеа освен лавот. Тој беше болен. Ана се разбуди од неговото кашлање.
-Што се случува, кралу?-праша Ана
-Ох грлото ме боли, леле грлотоо!!-рече лавот
-Лаву! Добро ли си!Кралу наш!-рече Ана
-Добро сум.Треба да се лекувам.-рече Лавот
-Да кралу треба да се лекуваш!!Ама чекај треба да помине време!-рече Ана
Петар се разбуди од разговорот.
-Што се случува овде?-рече Петар
-Лавот е болен. Настинал.-одговори Ана
И лисицата стана,па мечката, па мајмунчето, па волкот и сите станаа.
-Што се случува?-прашаа сите
-Лавот е болен!-одговори Ана
-Леле,леле .Кој ке го раководи кралството? Леле што ке правиме без лавот.-се изненадија сите животни
-Доста!! Ке кажете на сите дека јас сум болен! И денеска нема да раководам.Можеби утре или друг ден. Нели има време за се!-рече лавот
-Да,да кралу. Да ви направам сок.-рече лисицата
-Може.Фала,лисицо.-рече лавот
-Нема проблем! Повели,кралу.-рече лисицата
Кралот го испи сокот, но повторно кашлаше.
-Кралу, сакаш ли да прошеташ низ кралството? Чист воздух добро ке ти дојде.-рече Ана.
-Може. Ајде да се шетаме.-рече кралот
И така почнаа да шетаат.
-Подобро ли ти е,кралу?-праша Ана
-Да,да многу! Но повторно кашлам-рече кралот
Се шетаа, се шетаа и Ана виде камилица. Таа скина неколку парчиња.
-Ајде да одиме дома ке ти направам чај.-рече Ана
-Може ајде да одиме.-рече лавот
И така стигнаа дома.
-Додека го правам чајот кралот нека легне на постелата.-рече Ана
Кралот легна на постелата.Ана почна да ги суши парчињата камилица. Од кога ги исуши ги стави во чајникот што го изработи сама од кокосови гранчиња. Стави вода и го стави на оганот. И така чајот беше готов. Го стави во филџаните од кокосови стапчиња и му го даде филџанот на лавот.
-Ајде испиј го ова лаву!-рече Ана давајки му го филџанот
-Добро.-рече лавот
И така го испи цел чај. Полека му поминуваше настинката.
-Ми поминува настинката! Полека,полека ми поминува!-се радуваше лавот
Не се радуваше само лавот, се радуваше целата џунгла. Мајмуни,тигри, лисици сите се радуваа! Набргу настинката целосно му помина.
-Благодарам, Ана! Настинката толку брзо ми помина!-се заблагодари лавот
-Нема проблем! Ова го научив од мојата баба! Баба Мара!-рече Ана
И така набргу дојде ноќ! Лавот не беше болен па затоа сите се успаа без мака!
Деветта глава: Дедо Игор разговара со децата
-Кој чука?-се разбуди Ана од гласот надвор
Надвор беше многу бучно. Ана излезе да види што е.
-Кој си ти?-праша Ана
-Јас? Јас сум дедо Игор. А ти девојче како се викаш?-праша старецот.
-Јас сум Ана. Дедо Игор, што бараш тука во оваа џунгла?-праша Ана
-Всушност, што бараш ти тука? Јас сум истражувач!Истражувам по светот! А ти девојче?-праша старецот.
-Јас сум тука за да извршувам задачи. Истражувам и се дружам со животните.-рече Ана
-Значи така. Сакаш ли да разговараме за природата?-праша старецот
-Да секако! Иначе старецу од каде си?-праша Ана
-Девојче, јас сум од Македонија. Од градот Скопје ама од општина Карпош.-рече старецот.
-Така значи. Јас сум од Скопје, од општина Центар.-рече Ана
-Добро девојче. Да те прашам си слушнала за Париз? Јас сум бил во Париз. Сум ја видел Ајфеловата кула сум бил во многу паркови.-рече старецот
-Навистина? Сте биле ли во Њујорк?-праша Ана
-Да,да сум бил. Има многу хотели, многу светлечки реклами.-рече старецот
-Штета што јас не сум била! Сте биле ли на друго место?-праша Ана
-Да. На многу места сум бил. Во Кина гледав како јадат ориз. Па тие јадат со стапчиња.-рече старецот
Петар и Алис станаа. Излегоа надвор.
-Што се случува овде.-прашаа Алис и Петар
-Па си разговарам со дедо Игор.-рече Ана
-Дедо Игор?-праша Петар
-Да дедо Игор. Тој шета околу светот и истражува.-рече Ана
-Може да се придружиме?-праша Алис
-Секако!-рече дедо Игор
-Дедо Игор, си бил ли во Рио де Жанеиро?-праша Петар
-Да. Многу е убаво. Има најголема плажа во светот. Има споменик на Исус Христос, тој најголемиот споменик со Исус Христос.-рече дедо Игор
-Леле!! Не сум го знаел ова!-се изненади Петар
-Има многу чуда во светот.-рече дедо Игор
-Навистина?-праша Петар
-Да. Ама сеуште не сум прошетал се.-рече дедо Игор
Набргу дојде време за ручек. Лавот и другите животни беа на гости па затоа тие направија една риба. Се најадоа и тргнаа да се прошетаат.
-Дедо Игор, сакаш ли сок од манго и папаја?-праша Ана
-Може да скинеме и да одиме дома да направиме.-рече дедо Игор
-Добро!! Ајде да скинеме!-рече Ана
И така Ана се искачи на дрвото и скина 10 парчиња манго и 10 парчиња папаја. Така појдоа накај пештерата. Таму направија прекрасен сок од папаја и манго. Ана беше професионалец за сок од манго и папаја.
-Прекрасен е Ана!-рече дедо Игор
Благодарам, дедо Игор!-рече Ана
Набргу дојде ноќта.
-Може ли да преспијам кај вас?-праша дедо Игор
-Секако!!-рече Ана
Дедо Игор легна во креветот на лавот бидејки лавот беше на гости во друга џунгла.
-Добра ноќ на сите!-рече дедо Игор
-Добра ноќ!-рекоа сите
Десетта глава: Празник во џунглата
Беше утро. Лавот и другите животни ги немаше. Ана и Петар беа загрижени. Набргу од прозорецот се слушна силна врева. Бум, пам, бум , пам.Ана и Петар излегоа надвор. Кога видоа се воодушевија. Имаше неколку мајмунчиња тропаа на тапан, а другите пееа:
Ху,ху
Оно ер. Биска васка жив.
Тоа беше на јазикот на животните. Во превод значеше вака:
Хо,хо
Животни сме ние. Празник животински имаме.
Ана и Петар го сретнаа лавот и го прашаа:
-Лаву, што се случува овде? Да не е некој карневал.
-Да. Ова е карневал. Ние ова го празнуваме како празник-рече лавот
-Многу убаво. Но ние сме луѓе, не смееме да присуствуваме.-рече Ана
-Така е. Иначе направете трпеза дома. Ке имаме гости. Ќе дојде и најитрата лисица во цела шума Итра.-рече лавот
-Добро.-рече Петар
Ана се сети на сонот за лисицата. Се плашеше. Но сепак мислеше дека ке биде добра ко пријателката на лавот. Набргу ја наместија за трпезата. Лавот и лисицата дојдоа.
-Здраво!-рече Ана
-Која си ти? Ах само ако направиш нешто што ке го натажи царот. Одма ке те надмудрам.-рече лисицата
-Немој лисицо. Таа е моја пријателка. Многу е добра. Ајде да седнеме на трпезата.-рече лавот
И така сите седнаа на трпезата. Лисицата ја гледаше Ана и во себе си мислеше:
``Ајде ке ја надмудрам. Ке падне во дупката пред куќата. Хаха па потоа ке ги излажам дека сама паднала. Хаха ке се правам загрижена, а всушност ке бидам многу среќна! Хахаа!!,,
-Ана сакаш ли да прошетаме пред куќава, пештерава?-праша лисицата
-Секако! Мило ке ми биде!-рече Ана
И така почнаа да шетаат. Дојдоа пред дупката.Ана тотално изуми дека има дупка во дворот. Ана се слизна и падна во дупката.
-Леле! Што ми се случи! Изумив дека има дупка пред куќата! Лисицо!! Лисицо помагај!!-викаше Ана.
-Веднаш ке ги викнам другите!-рече лисицата
Таа додека да отиде по патот се смееше.Кога стигна одма се преправи натажена.
-Побрзо! Доагајте! Ана падна во дупката!-рече лисицата
-Ах! Леле што се случи!!! Леле!!-се исплаши лавот
Сите се затрчаа накај дупката. Кога видоа незнаеа што да прават. Дали да скокнат и тие или да направат алатка за да ја извадат.
-Ана! Изгледа вечер мора да се спиеш тука.-рече Петар
-Нема врска. Јас само сакам да излезам од тука!!-рече Ана
-Добро, добро! Ке те извлечеме!-рече лавот
Тие почнаа да прават скала за да ја извлечат. Набргу дојде ноќ сите работеа, само Ана се успа. На работното место, каде што ја правеа скалата, сите се успаа.
Дојде утро. Сите станаа. Скалата беше скоро готова. Лисицата сакаше да измисли нешто за да не ја извадат,но ништо не и одеше на памет. Да ја искрши сите ке се сомневаат во неа. Па ништо не правеше. И така скалата беше готова.
-Ана искачи се побргу!- рекоа сите
Ана се качуваше, се качуваше дури до вечер и на крај се искачи. Лисисцата се налути и си отиде дома. И така Ана повторно си лежеше во својот кревет.
Единаеста глава: Изненадување!
Ана и Петар се разбудија. Набргу појадуваа. Одеднаш се слушнаа разни звуци. Тоа беше звук на хелихоптер! Кога видоа што да видат нивната наставничка качена на хелихоптерот. Таа на микрофон викаше:
-Ајде сите деца што учат во училиштето за дивина нека дојдат покрај хелихоптерот! Времето за престојување е скратено но тој што ги извршил сите задачи ке остане! Брзо дојдете да ги споредиме! Потоа ке ве однесеме кај родителите да се видите со нив!! Можеби да им раскажете што се случило. А нашето училиште за дивина ке ви исполни една ваша желба. Не само на тие што ги завршиле задачите толку и на тие што не ги завршиле! Сега дојдете!
Сите беа изненадени. Ана и Петар веднаш се спремија. Ана се збогува на овој начин:
-Лаву, ти си прав крал! Сум слушнала на филмови за многу кралеви! Но ти си друг! Лиске, ти си итра, но сега многу добро се однесуваше! Браво! Иначе можеш да си итра. Мајмунче, ти повеќе банани да јадеш. Мечке, убав нека ти е зимскиот сон бидејки незнам дали ке бидам тука кога ке се случи тоа! И од мене и од Петар ви посакуваме нај нај убави денови и моменти!
-Ви благодариме!- во еден глас викнаа животните
И така се поздравија и секој замина на својот пат. Ана и Петар дојдоа покрај хелихоптерот и ги предадоа решените задачи. Наставничката виде кој завршил точно, а кој не.
-Вака тука ка останат: Горјан, Ивица, Илина и Иван, Катерина и Сашо,Ана и Петар и Вања.Но прво ке ви ја исполниме вашата желба. Која ви е?- рече наставничката
Едни сакаа да имаат полно злато, други вили, други разни играчки, а Ана и Петар посакаа да се ослободат сите животни од зоолошката градина и да се пуштат во џунглата. Училиштето ја исполни желбата на секое дете. Сега лавот и крокодилот се на свое место. Тие толку пораснале што можеле да го наследат наследството на татко им или мајка им. Но сепак тие се слободни. Ана и Петар се качија во хелихоптерот. Тие набргу стигнаа во својата родна држава Македонија. Видоа дека во нивната држава се направиле многу промени. Стигнаа во нивната куќа. Нивниот татко и нивната мајка се израдуваа дека ги гледаат живи и здрави. Тие ги гушнаа најсилно што можат и побрзаа за во хелихоптерот . Тие требаше да се вратат назад во џунглата. Набргу се качија и појдоа. За кратко време тие беа таму. Мајка им и татко им се запознаа со животните. Мајка им во секое време разговараше со лиска. Татко им му беше советник на лавот и секогаш го водеше по правиот пат. Ана и Петар истражуваа со помош на малото мајмунче. Нив ги имаше во весници. Нивните заклучоци беа запишани во весници. Алис понекогаш ке наминеше за да ги поздрави. Лошите луѓе доаѓаа обидувајки да направат нешто лошо, но со ителегентноста на Алис и Ана никогаш не успеваа, нивниот водач постојано ги караше. Едноставно секој си го поминуваше животот во џунглата.